Како дел од борбата за почист воздух во германските градови, германската влада го претстави проектот за подобрување на јавниот транспорт.
- Проектот вклучува пет града: Есен, Бон, Манхајм, Ројтлинген и Херенберг, во кои ќе се испитува како подобрувањето на јавниот транспорт ќе влијае врз намалувањето на загадувањето на воздухот - се вели во соопштението.
Пет града ќе поделат 130 милиони евра предвидени за подобрување на јавниот транспорт, зголемување на возниот парк, нови велосипедски патеки и други мерки што треба да го зголемат бројот на луѓе што ќе го користат јавниот превоз и ќе ги намалат сообраќајот и емисиите на штетни гасови.
Фото: Pixabay
Градот Бон планира да воведе годишен билет за јавен превоз по цена од 365 евра, што значи едно евро на ден.
- Овој проект ќе ни овозможи да откриеме кои мерки навистина придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот - изјави градоначалникот Бона Ашок Срихаран. Европската комисија ѝ се закани со тужба на Германија пред Европскиот суд ако владата не преземе мерки за намалување на загадувањето во градовите.
На таканаречениот дизел-самит на почетокот на годината, владата заедно со автомобилската индустрија одлучи да вложи милијарда евра во проект за намалување на загадувањето. Меѓутоа, германската влада и автомобилската индустрија сѐ уште не се согласуваат околу прашањето за замена на застарените дизел-мотори, на кои во неколку германски градови им се заканува забрана за движење.
Со оглед на тоа што автомобилската индустрија инсистира на промени во софтверот во моторите,
германската влада се залага за механички модификации на дизел-моторите што не ја исполнуваат највисоката Евро 6 норма, кои индустријата ги отфрла поради високите трошоци.