X
 06.05.2015 Уметност

Еден сосема поинаков вид на уметност

Одлична вест за сите оние кои не можат да им одолеат на поривот да го снимат секој свој културен момент и да го објават на социјалните мрежи.

 

mузеј


Во Манила е отворен Музеј посветен на сите обожаватели на селфи готографиите. Музејот има поставено реплики од сите омилени парчиња уметност од целиот свет.

„Art in Island“ е музеј создаден со јасна намера - да им ја приближат уметноста на љубителите на селфи фотографиите. На тој начин музејот овозможува „влегување“ во уметнички слики кои всушност се 3D продукција.

Токму поради забраните во многу музеи низ светот, селфи музејот во Манила е одличен маркетиншки потег кој е препознат и на глобално ниво. 


Традиционалните музејски институции имаат доста различен пристап во однос на нарцистичката потреба за презентација. Така на пример, Мадрид Прадо забранува било кој облик на фотографирање во музејот. Доколку некој биде пронајден како фотографира, истиот веднаш ќе биде исфрлен од чуварите. Истата е ситуацијата во Музејот Брандхорст во Минхен. Оваа забрана во музејот се донела во 2009 година откако невнимателен фотогрраф уништил една од изложените скулптури.

Музејот Орсеј во Париз е една од ретките институции кои на оваа широко распространета пракса гледа позитивно. За разлика од музејот на модерна уметност во Њујорк или Националната галерија во Берлин кои на посетителите им ги одземаат сите уреди за фотографирање, Орсеј овозможува употреба на селфи стикови.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност