Сигурно и вие сте биле во ситуација кога предавањата ви биле толку здодевни што ве умориле, па така сонот ви надвиснал над вашите капаци, а вие само што не сте заспале. Меѓутоа, соколовото око на професорот ве спречува.
За среќа, итриот студент Зак Кинг ви нуди решение кое можете да го пронајдете во неговото видео кое прикажува како да спиете за време на предавања без да ве забележи професорот.