Во последните три месеци во Бразил умреле повеќе од 500 милиони пчели. Само во државата Јужно Рио Гранде се пронајдени околу 400 милиони мртви пчели. Научниците сметаат дека до масовниот помор дошло поради употребата на пестициди, за кои е докажано дека се штетни за околината.
Пчелите имаат исклучително важна улога во синџирот на исхрана и третина од храната што ја јадеме созрева благодарение на опрашувањето на пчелите.
До поморот на пчелите дошло затоа што земјоделците користеле пестициди кои се забранети во Европа, а кои содржат нешта како неоникотиноид и фипронил, за кои е докажано дека се штетни за пчелите.
Европската Унија минатиот април воведе речиси целосна забрана за употреба на неоникотиноидот. Од друга страна, Бразил истата година ги укина сите ограничувања за користење на тие пестициди и покрај противењето на еколозите, кои го нарекоа
отров.
Употребата на пестицидите во Бразил, според податоците на организацијата „Гринпис“, се зголемила во последно време, а само во последните три години се регистрирани 193 производи кои содржат хемикалии што се забранети во ЕУ. Земјата користи пестициди затоа што економијата ѝ се потпира на земјоделство.