Писателот Луис Керол го создал ликот на Алиса инспириран од вистинско девојче, Алис Лидел, кое го запознал кога имало три години.
Луис, чие вистинско име е Чарлс Доџсон, тогаш имал 24 години, студирал математика и се занимавал со фотографија.
Тој особено сакал да фотографира деца, а бидејќи на неговите фотографии се наоѓале девојчиња, честопати без облека, со години се поврзувале контроверзии и шпекулации дека тој е скриен педофил. Но, овие тврдења никогаш не биле докажани.
Во април 1856 година тој ја запознал Алис Лидел додека си играла со нејзините сестри во градината. Нејзиниот татко го поканил Луис Керол да го фотографира семејството, па така почнало долгогодишното пријателство.
Подоцна Луис Керол често ги фотографирал Алис и нејзините сестри, а во своето студио чувал многу детска облека за да ги претвори во разни ликови, како и да приреди многу забавни игри за нив.
Приказната за
„Алиса во земјата на чудата“ била создадена за време на возење со брод во јули 1862 година, кога тој на Алис и нејзините сестри, Идит и Лорин, им раскажал приказна полна со необични ликови, а 10-годишната Алис била главниот лик во приказната.
Иако ова не било првпат да им раскажува приказна, Алис го замолила оваа приказна да ја запише, што Луис и го направил. Две години подоцна, за Божиќ, тој ѝ подарил роман со илустрации.
Луис бил близок со целото семејство Лидел, но најмногу ја сакал Алис. Нивната врска била предмет на многу шпекулации.
Односот помеѓу семејството Лидел и Доџсон се распаднал летото 1863 година. Семејството никогаш не прозборувало отворено за тоа, а страниците од дневникот на Луис Керол поврзани со тој период мистериозно исчезнале. По неговата смрт, некој едноставно ги отстранил.
Некои биографи шпекулирале дека до конфликт дошло откако Луис Керол сакал да се ожени со 11-годишната Алис, додека други шпекулирале дека постарата сестра на Алис, Лорина, се заљубила во него, па нејзините родители го избркале за да се избегне скандал.
Следната година тој се смирил со семејството, но повеќе никогаш не му било дозволено да се дружи со децата.
Неговиот интерес за девојчиња бил познат, но тоа не било толку невообичаено во тоа време, бидејќи голите деца биле вообичаен мотив како на пример на разгледници и не се доживувале во сексуален контекст, туку се сметале за слика што покажува невиност.
Алис на 20-годишна возраст
Пред неколку години се појави писмо напишано од Луис Керол, насловено „Драга госпоѓице Лидел“, напишано само три години пред Алис да се омажи.
Во писмото тој одговара на коментарите насочени кон него, помеѓу „госпоѓица Лидел“ и нејзините пријатели, кои му ги пренел трето лице. Во писмото тој вели дека неговите зборови дека сака деца, биле погрешно сфатени.
Извор:
Stil.kurir.rs
Фото:
Wikipedia