X
 08.05.2019 Култура

Објавена нова верзија на „Дневникот на Ана Франк“

Денеска во Германија излегува посебно издание на „Дневникот на Ана Франк“, авторка која ако беше жива, на 12 јуни ќе наполнеше 90 години.

Станува збор за целосна и досега необјавена верзија на дневникот, наречена „верзија Б“, која Ана Франк сама ја уредувала надевајќи се дека ќе ја објави по завршувањето на Втората светска војна.

- Ова е навистина уникатна книга. Ги пренесува идеите за она за кое се залагаме и за кое се грижиме како издавачи - образованието, човековите права и периодот на националниот социјализам - вели Александер Роеслер од издавачката куќа „Фишер“.

- Книгата е центарот на идентитетот на нашата издавачка куќа - додава тој.

Ана Франк починала од болест во нацистички логор во 1945 година, истата година кога завршила војната. Нејзиниот татко, единствениот член од семејството Франк што го преживеал холокаустот, го објавил нејзиниот дневник во 1947 година. Денес „Дневникот на Ана Франк“ е една од најчитаните книги во светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура