X
 22.08.2022 Живот

Ова се победниците на натпреварот „Најдобар фотограф на природата за 2022 година“

Над 8.000 фотографии беа пријавени на натпреварот „Најдобар фотограф на природата за 2022 година“. Неверојатните слики од пејзажи и диви животни однесоа награди во многу различни категории. Но, на крајот, американскиот фотограф Денис Стогсдил беше прогласен за фотограф на годината и доби парична награда од 1.500 фунти (околу 1.773 долари) за неговиот поглед на природата.

Направена во Серенгети, фотографијата на Стогсдил прикажува каракал кој гордо се враќа назад со уловено фламинго. Светлите пердуви на фламингото се во контраст со крзното натопено со кал на оваа дива мачка. За Вил Николс, основач на натпреварот „Нејчр Tи-ти-ел“, нема сомнеж за силата на оваа фотографија.

- Ова е природата во својот најсуров момент. Каракалот е натопен од бркањето на фламингото низ водите, но излезе како посилен. Контрасните бои наспроти темната околина навистина прават оваа слика да се издвојува од другите - вели тој.

Погледнете ги преостанатите победнички фотографии.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Nature TTL
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот