X
 23.03.2023 Живот

Дестинации каде што се забранува правењето селфи

Пред да одите на патување, разгледајте ги локалните закони кога станува збор за фотографирањето. Повеќе популарни туристички дестинации како Њујорк, Франција и Шпанија имаат правила со кои се забранува правење селфи на одредени локации.

Фотографии со „големи мачки“ во Њујорк

Без разлика дали сте во зоолошка градина или циркус, во Њујорк е нелегално да правите селфи со животни како тигри, лавови и други големи мачки за да се спречат повреди.

Кралскиот накит во Лондон

Во Лондонската кула посетителите може да го погледнат кралскиот накит во близина на вооружени чувари. Меѓутоа, фотографиите не се дозволени на оваа локација.

Плажа „Гаруп“ во Франција

Во 2014 плажата „Гаруп“ во Антиб, Франција, поставила забрана за правење селфи за време на летната сезона. Забраната била воведена за да се спречат туристите од фалење за нивниот одмор и наместо тоа, да уживаат во местото.


Фото: Pixabay

Мека, Саудиска Арабија

Фотографирањето е забрането на две свети места во Мека, Саудиска Арабија. Тоа се Светата џамија и Џамијата на пророкот.

Трчањето на биковите во Шпанија

Забрането е да се прави селфи на годишниот настан кој вклучува трчање на бикови во Памплона, Шпанија. Целта е да се спречат повреди или смрт за време на настанот.

Железнички станици во Јапонија

Железничката компанија во Западна Јапонија забранува селфи со специјални алатки за вакви фотографии. Забраната била воведена за да се заштитат посетителите од можен струен удар или паѓање на шините.

Селфи со мечка

Можеби звучи очигледно, но забрането е да се прави селфи со дивите мечки во близина на езерото Тахо во Калифорнија.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот