X
 17.04.2019 Живот

Историски фотографии што ја покажуваат величественоста на Богородичната црква

Богородичната црква во Париз била сведок на најголемите моменти во историјата на Париз и на Франција. Доказ за тоа се и следниве фотографии:

1. Фотографија од Нотр Дам која во 1838 година ја направил Луј Дагер, изумител на дагеротипијата, најраниот вид на фотографија. На фотографијата може да се види како изгледала катедралата пред големите реновирања во 1845 година, во обликот кој му бил познат на големиот Виктор Иго.

Фото: Telegram

2. Фотографија од Богородичната црква направена на 12 октомври 1946 година. Пред катедралата е во тек погребот на Жан-Батист Шарко, француски истражувач на Антарктикот, чиј брод удрил во гребен покрај брегот на Исланд. Шарко како прв капетан потонал заедно со бродот, а Франција му се оддолжила за сите откритија со величествен погреб. 

Фото: Telegram

3. Граѓаните на Париз се собрани околу тенкот на брегот на реката Сена, на 25 август 1944 година, во текот на завршните операции на ослободување на градот од нацистите. Во заднина се гледа катедралата.

Фото: Telegram

4. Фотографијата е направена на 24 август 1944 година во текот на борбата за ослободување на Париз од Германците и француските колаборационисти. На фотографијата се гледа возило запалено во борбите, но во таа пригода катедралата не била зафатена од оган.

Фото: Telegram

5. Американски војници шетаат и фотографираат во близина на катедралата во октомври 1944 година.


Фото: Telegram

6. Граѓаните на Париз уживаат во прошетката покрај Сена во текот на пролетта 1947 година, кога градот конечно оживеал по војната и германската окупација. Во заднина се гледа Нотр Дам.

Фото: Telegram

7. Учесниците на вториот конгрес на Католичката младина позираат пред катедралата на 14 мај 1950 година.

Фото: Telegram

8. Фотографија од осветлувањето на катедралата направена на 26 јуни 1963 година.

Фото: Telegram

9. Францускиот акробат Филипе Пети во 1971 година на жица преминал од едното до другото ѕвоно.

Фото: Telegram

10. Папата Јован Павле II на 30 мај 1980 година ги поздравува верниците по мисата што ја одржал во катедралата при неговата прва посета на Франција.


Фото: Telegram

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот