X
 22.11.2021 Живот

Дали знаете: Што имало на местото спроти „Холидеј ин“?

Дали некогаш сте се запрашале што имало порано на местото на паркингот наспроти хотелот „Холидеј ин“, каде што се планира изградба на висококатници?

Податоците на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија покажуваат дека на тоа место порано имало амам наречен Вардар бања.

Овој амам се наоѓал на десната страна од реката Вардар. Бил познат и како „Амам од спротивната страна“ (Karsiyaka Hamami), како Муаџирски амам и Амамот на Хасан Риза ефенди завештан на Јелен Капан џамија.

Од ЦЕИПА пишуваат дека не се знае во која година точно бил изграден, но од вакафнамето на Хаџи Хасан Риза ефенди (од Крива Паланка), кое датира од 1896 година, се дознава дека оваа личност во Скопје завештала амам и куќа. Според Хаџи Васиљевиќ, амамот бил изграден во 1886 година.



Овој амам бил од типот на единечни амами. Во одреден временски период се снабдувал со вода од реката Вардар со помош на едно дрвено тркало (чарк) кое се вртело и така ја преземало водата од Вардар. Овој амам функционирал до ослободувањето на Скопје во 1944 година, а потоа бил урнат, пишуваат од ЦЕИПА.



Извор и фотографии: ЦЕИПА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот