X
 02.12.2020 Забава

Кули од 144 ката во Абу Даби срушени за 10 секунди

Четири кули што биле дел од „Мина плаза“ во Абу Даби успешно биле срушени за само 10 секунди минатата недела. Компанијата „Модон“ го надгледувала уривањето.

Со уривањето е соборен и рекордот за рушење највисоки згради со експлозиви.

Кулите имале 144 ката, а биле срушени со 6 тони експлозив. Кулите биле урнати за да се направи простор за поголема туристичка дестинација на локацијата.

Рушењето било направено со 18.000 детонатори и пластични експлозиви, а локацијата е привремено затворена за јавноста додека трае чистењето на отпадот.


Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Насловна фотографија: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава