X
 22.11.2021 Живот

Известување за студентите од „Пелагонија“

Поради изведување градежни работи во кујната кои беа неопходни и неодложни како резултат на дадени забелешки од страна на инспекциски органи, Државниот студентски дом „Пелагонија“ - Скопје навремено ги извести станарите (студенти) дека во тек се градежни работи во кујната, поради што од страна на ДСД „Пелагонија“ - Скопје се организира јадење во вид на ланч-пакети во периодот од 19.11 2021 година, започнувајќи со вечера, па сѐ до 21.11.2021 година.

Ланч-пакетот се организира со цел станарите да не се изложат на дополнителни трошоци.

Воедно, известуваме дека од 22.11.2021 година кујната ќе продолжи со редовно работење согласно предвидениот план и мени, соопштува директорот м-р Агим Фејзулаху.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот