X
 07.04.2020 Образование

Најдоцна до петок студентите да си ги земат личните работи од домовите во Скопје, доколку имаат потреба

Студентите сместени во домовите при Државниот студентски центар „Скопје“ („Гоце Делчев“, „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“), како и во „Пелагонија“, можат да си ги подигнат личните работи доколку имаат потреба за тоа најдоцна до петок. 

Од ДСЦ известуваат дека оваа можност студентите ја имаат заклучно со 10 април, почнувајќи од денес, во определен временски интервал согласно вонредниот полициски час и дополнителните ограничувања во слободата на движење. Посетите ќе се одвиваат во: вторник (12-16 часот), а од среда до петок (од 9 до 13 часот). 

- Оваа одлука се носи поради многубројните барања на студентите и нивните потреби. Напоменуваме дека при посетата на домовите потребно е да се почитуваат препораките, односно да се носат маска и ракавици, додека при посетата на домовите студентите ќе бидат пуштани во ограничен број, по двајца, по што ќе следува целосна дезинфекција на објектите. Ги замолуваме сите студенти што имаат потреба да ги посетат домовите да го направат тоа во следните четири дена бидејќи потоа тие ќе бидат затворени сѐ до донесување одлука, односно продолжување со престојување, иселување поради карантин или завршување на студиска година - вели Дарио Николовски, директор на ДСЦ. 

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование