X
 23.01.2024 Живот

Вештачката интелигенција како нова религија - роботски свештеници одржуваат проповеди и погреби

Луѓето низ светот се вртат кон машините како кон нова религија. Роботски свештеници одржуваат проповеди и спроведуваат погреби, вештачката интелигенција пишува стихови инспирирани од Библијата, а многумина го консултираат „Чет-ГПТ“ како да е пророк. 
Некои религиски организации, како црквата „Туринг“ основана во 2011 година, се засноваат на идејата дека вештачката интелигенција ќе ги стави луѓето на исто ниво со вонземјаните слични на Бог, давајќи им супер интелигенција.

Таквите луѓе што ги следат пророците направени со вештачка интелигенција можеби веруваат дека технологијата е „жива“, објаснува експерт. Персонализираните одговори на алатките како „Чет-ГПТ“ ги поттикнуваат луѓето да бараат значење во технологијата, вели Ларс Холмквист, професор по дизајн и иновација на Универзитетот „Нотингем Трент“.

- Психолозите докажаа дека луѓето ги толкуваат нивните искуства со компјутерите како вистински социјални односи. Значи, можно е луѓето да користат вештачка интелигенција за да најдат значење и насоки, слично како од религиозните записи, иако таму можеби нема вистинско значење - вели Холмквист.

Освен тоа, имало случаи кога луѓето мислеле дека овие алатки се свесни, додава професорот. Во Јапонија, роботскиот свештеник Миндар рецитира записи во будистички храм од 2019 година. Роботот бил развиен од научник од Универзитетот „Осака“ за речиси 1 милион долари.


Слично, професорот Габриел Тровато од Технолошкиот институт „Шибаура“ во Јапонија направил робот кој одговара на прашања поврзани со религијата. Овој робот е машина дизајнирана за да изгледа како мал католички светец.


Фото: Gabriele Trovato

Во 2015 година инженерот Ентони Левандовски основа црква посветена на создавање нов Бог со христијански морали со помош на вештачка интелигенција. Истовремено, постојат луѓе наречени трансхуманисти кои веруваат дека во иднина вештачката интелигенција ќе може да ги воскреснува луѓето како суштества слични на Бог.

Други се надеваат дека ќе дојде денот која човекот ќе се спои со машината и ќе се создадат хибриди со супермоќ. Компанијата „ИВ.АИ“ тренирала вештачка интелигенција да создаде бот кој пишува стихови и текстови базирани на Библијата.

Холквист вели дека постојните религиски организации ќе користат вештачка интелигенција за да привлечат нови верници, но на долг рок може да се појавуваат нови религии кои се засноваат на технологијата.

Извор: Daily mail
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот