Американската вселенска агенција НАСА бара од студентите да најдат решение за прашината од површината на Месечината која се лепи насекаде и им претставува проблем на астронаутите.
Целта е да се пронајде решение со кое може да се отстрани оваа прашина од површината на костимите или вселенските летала или да се направи материјал со кој ќе се спречи лепењето на
прашината.
Фото: Pixabay
Научниците знаат дека прашината на Месечината е многу леплива од мисиите „Аполо“. Астронаутите на НАСА биле покриени во прашина по мисиите на Месечината. Научниците претпоставуваат дека прашината се закачува на површините поради електрични полнежи на површината на Месечината.
Баз Олдрин, по неговото патување на Месечината во 1969, рекол дека колку повеќе време се поминува на површината, толку поголемо количество прашина се лепи на костимите на астронаутите.
Фото: Pixabay
Некои астронаути носеле специјални четки со кои ја отстранувале прашината пред да се вратат во вселенското летало. Други предложени решенија во минатото вклучуваат и уреди слични на правосмукалки, но тие биле ефективни само минимално. Згора на тоа, неодамнешни истражувања покажале дека прашината од Месечината може да влијае врз човековите клетки и да создаде хидроксилни радикали кои може да доведат до рак на белите дробови.
Затоа, НАСА сака да го реши овој проблем пред да ги испрати следните астронаути на мисија на Месечината. Агенцијата нуди награди до 180.000 долари за 5 до 10 студентски тимови кои ќе понудат најдобри решенија. Учесниците ќе мора да ги демонстрираат своите решенија. Може да се
пријавуваат тимови само од американски универзитети и институти.
Извор:
futurism.com