X
 23.02.2023 Живот

Дојави за бомби во 14 училишта во Скопје

На електронските адреси на 14 училишта во Скопје денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа.

- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - велат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера имаше дојави за бомби во училишта во Скопје и во една градинка, како и во едно училиште во Прилеп. Претходно, дојави за бомби имаше и во институции и трговски центри.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот