Во осум училишта во Скопје и во две во Прилеп во тек се безбедносни проверки, откако утрово на нивните елктеронски адреси пристигнале закани за поставена експлозивна направа.
- Денеска, до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите - се наведува во соопштението на МВР.
Според извори на МИА, меѓу скопските училишта каде се врши безбедносно евакуирање се гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Никола Карев“ и Електротехничкото средно училиште „Михајло Пупин“.
Извор: МИА