X
 23.02.2023 Живот

Европската комисија им забрани на вработените да користат „Тик-ток“

Европската комисија им забрани на вработените да ја користат кинеската апликација „Тик-ток“ од безбедносни причини поради растечките тензии меѓу Пекинг и Западот.
Западните влади се вознемирени од доказите дека кинеските технолошки компании им помагаат на Комунистичката партија и нејзините разузнавачки служби да собираат големи количини податоци во светот - со посебен фокус на високи политички и безбедносни цели.

Висок функционер изјави дека на целиот персонал му е наредено да го отстранат „Тик-ток“ од нивните официјални уреди, но и од нивните лични уреди доколку на нив се инсталирани апликации поврзани со работата.

Членовите на персоналот мора да ги избришат деловните апликации од нивните приватни уреди доколку инсистираат да го задржат „Тик-ток“.
Другите институции на Европската Унија, вклучително и Советот и Парламентот, веројатно ќе го следат примерот за забрана на кинеската апликација, иако може да потрае многу подолго за Европскиот парламент да спроведе таква политика.
Забраната најверојатно ќе биде јавно објавена на редовниот пладневен брифинг на Комисијата.
Соединетите Американски Држави веќе го забранија „Тик-ток“ на многу владини уреди, додека Холандија размислува за забрана.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот