X
 16.02.2018 Живот

Австрија - пепелникот на Европа

Австрија имаше план да воведе целосна забрана за пушење во мај, но новата влада составена од конзервативци и од десничарската партија го укинува тој план. Пушењето го посочуваат како слобода на избор, па согласно на тоа, рестораните и кафулињата треба да ја имаат слободата да одлучат дали ќе имаат оддели за пушење.


Ваквиот потег ја загрижува медицинската фела во земјата. Многумина сметаат дека ова е јавна здравствена катастрофа и дека одлуката на властите е неодговорна. Статистиките исто така се загрижувачки, со оглед на фактот дека бројката на пушачи во земјата е голема, особено меѓу младите лица. Според податоците, Австрија има највисока стапка на пушачи на возраст од 15 години, позиција која ја има уште од 1994 година.

Сега, организациите и здруженијата од оваа област ќе објават петиција со која ќе се бара од владата повторно да размисли за донесената одлука. Многу од кафулињата во градот го забрануваат пушењето како поддршка за петицијата, а и заради туризмот, но остатокот и натаму дозволуваат пушење. Најголемиот проблем во земјата е што граѓаните на Виена веруваат дека пушењето е „специјална“ активност и е дел од нивната култура.

Најголем дел од бизнис-рестораните ја поддржуваат забраната за пушење, а баровите и дискотеките најчесто дозволуваат пушење бидејќи законот ги тера луѓето да пушат цигари надвор. Многумина се жалат и дека бизнисот е во надолна линија откако забраниле пушење во своите локали, а и мислењата помеѓу посетителите се поделени. Некои мислат дека пушењето едноставно нема да се искорени кај луѓето, додека други важноста ја фокусираат на здравјето и штетноста од пушењето цигари.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот