За да се избегне притисокот меѓу учениците, средното училиште во Вудчрч, област во градот Беркенхед, Велика Британија, им забрани на учениците да носат скапи дизајнерски јакни. Во ова училиште често имало случаи на посрамување меѓу врсниците, па по разговорите со учениците и со нивните родители раководителите на училиштето решиле да му стават крај на тоа.
Забранети се брендовите детски јакни по цена меѓу 400 и 1.000 фунти. На листата со забранетите дизајнерски парчиња се најдоа „Монклер“, „Пиренекс“ и „Канада Гус“.
- Учениците се жалеа на притисок поради кој требало да носат одредени јакни. Пред неколку години воведовме училишни ранци од сосема истата причина. Некои родители ни пријдоа и бараа да се воведат забрани - стои во соопштението на училиштето.
Забраната стапува во сила по божиќните празници, а реакциите на родителите и на учениците веќе кружат низ социјалните мрежи.
- Мојот син оди во ова училиште и бараше таква јакна за Божиќ. Кога училиштето го објави ова, ни рече да не се мачиме бидејќи и онака нема да може да ја носи на училиште. Јас добивам - напиша еден татко.
Еден корисник на социјалните мрежи, пак, запраша што ако сиромашните родители ги купуваат јакните во добротворни продавници за да им биде топло на нивните деца.
Исто така, луѓето пишуваа и дека училиштата се место каде што се учи, а не се
модно шоу.