Читањето ја зголемува нашата имагинација, ни помага подобро да учиме, ни носи радост и ја подобрува меморијата. Сепак, секој жанр има свое идеално време за читање.
Нефикција наутро
Овој тип книги најдобро се читаат наутро од 10 до 12 часот бидејќи тоа е времето кога нашиот мозок е најостар. Истражувачите велат дека причината зошто на возрасните им е подобро да читаат нефикција наутро е затоа што телото сака и треба да се разбуди и да се стимулира.
Читањето наутро има многу придобивки, како што се: намален стрес, зголемена креативност, подобрени комуникациски вештини и подобра меморија. Според едно истражување, шест минути континуирано читање секој ден може да го намали нивото на стрес за 68 отсто. Читањето е одлично и за вежбање на умот и за одржување на мозокот во форма.
Фикција пред спиење
Фикцијата помага да го смирите вашиот ум и полесно да заспиете. Ако сакате да читате за полесно да заспиете, тогаш ова е одлична тактика. Силното светло од телефонот ќе ве држи будни, па затоа читањето книга е многу подобар избор, особено ако страдате од несоница.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay