Ученици од средното училиште „9 Мај“ од Ниш на посебен начин го одбележаа роденденот на Народната библиотека на Србија, кој пред пет години беше прогласен за Национален ден на книгата.
Учениците се дружеа со своите сограѓани и на улица, во фризерски салони, продавници и во паркот им читаа извадоци од книги. Граѓаните на Ниш беа воодушевени од овој мал знак на внимание.
Оваа вест многу брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што имаше голем број коментари во кои луѓето ја фалеа постапката на
учениците.