X
 23.02.2024 Наука

Сондата „Нова-Ц“ на „Интуитив машинс“ слета на Месечината

Сондата „Oдисej Нова-Ц“ на американската компанија „Интуитив машинс“ слета на Месечината, соопшти фирмата со седиште во Хјустон, Тексас, САД. Уредот ги испрати и првите снимки од нам најблиското вселенско тело.

-Можеме без сомнение да потврдиме дека нашата опрема е на површината на Месечината и дека пренесуваме сигнал - изјави претставникот на компанијата во видеото во живо.

„Нова-Ц“, која носи и научно-истражувачки инструменти од вселенската агенција НАСА, беше лансирана минатата недела од Флорида, а во средата влезе во орбитата на Месечината. Спуштањето траеше околу еден час, а вселенското летало беше на површината на нашиот природен сателит доцна синоќа.

Целта на „Интуитив машинс“ е да биде првата приватна компанија со успешно слетување на Месечината.


Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука