X
 23.05.2016 Култура

Правилата на Џорџ Орвел за пишување јасна проза

Oние кои се запознаени со работата на Џорџ Орвел го познаваат и нивниот есеј од 1946 година „Politics and the English language“ во кој тој ја критикува збунувачката и нејасна проза. „Нашата цивилизација е декадентна и нашиот јазик... мора неминовно да го следи неминовното општо пропаѓање“, пишува Орвел.

Орвел тврди дека лошото пишување резултира од корумпираното размислување. „Политичкиот говор и пишување во голема мера го бранат неодбранливото“. Неговите примери за колонијализмот, принудената депортација и бомбастичните кампањи пронаоѓаат подготвени аналози во нашето време. Човек потребно е да обрни внимание како следната статија, следното интервју или книга што ќе ја прочита го користи јазикот во кој се фаворизира политичкиот конформизам за да ги ублажи ужасните нешта.

Анализата на Орвел идентификува неколку виновници кои го замаглуваат значењето и водат кон бомбастична, празна проза:

„Мртвите метафори во суштина се клишеа кои ја изгубиле провокативната моќ и се користат бидејќи ги поштедуваат луѓето да креираат сопствени фрази за себе. Погрешни вербални екстремитети: ова се непријатните конструкции на местото на еден едноставен, единствен збор. Така пример во англискиот јазик се зборовите: „exhibit a tendency to“, „serve the purpose of“, „play a leading part in“, „have the effect of“, а особено моја омилена: „due to the fact that“ наместо „because“, вели Орвел.

Бесмислените зборови: апстракциите како „романтичен“, „пластичен“, „вредности“, „човек“, „сентиментален“ и така натаму, кои се користат во смисла во која не само што не упатуваат на конкретен предмет, туку ниту од читателот не се очекува да се направи тоа. Орвел исто така ги критикува политичките зборови како „демократија“, „социјализам“, „слобода“, „патриоти“, „правда“ и „фашизам“ бидејќи секој од нив има неколку различна значења кои не можат да се усогласат едно со друго.

Поголемиот дел од есејот на Орвел неизбежно истакнува дека и самиот Орвел направил некои од грешките кои ги пронаоѓа кај другите луѓе. Секој кој пишува во институционален контекст, без разлика дали тоа е академијата, новинарството или корпоративниот свет - стекнува лоши навики од кои мора да се одвикне. „Процесот“ на учење на лоши навики во пишувањето е укинливо, ако еден писател е подготвен да го направи тоа. Како да се направи тоа? Ова се правилата на Орвел:

1. Никогаш не употребувајте метафора, компарација или друга стилска фигура која сте навикнати да ја гледате во повеќето пишани дела.

2. Никогаш не употребувајте долг збор онаму кадешто треба да стои краток.

3. Ако е возможно да изоставите некој збор, сторете го тоа.

4. Никогаш не употребувајте пасивна реченица онаму кадешто можете да искористите активна.

5. Никогаш не употребувајте странски израз, научен израз или жаргон ако не можете да се сетите на еквивалентот.

6. Попрво прекршете било кое од овие правила отколку да кажете некоја глупост.

Овие основни правила не ја опфаќаат литературната употреба на јазикот туку само јазикот како инструмент за изразување, а не за сокривање и попречување на мислата.  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура