X
 23.05.2019 Живот

Avon го лансира Attraction Sensation, првиот мирис кој ги буди петте сетила

Неодоливиот акорд на кожа е во срцето на Attraction Sensation за неа и него, поврзувајќи ги партнерите со интензивна и стимулирачка моќ која едноставно е неодолива.

Во играта на привлечност ниту едно од нашите сетила не треба да биде запоставено. AVON го лансира Attraction Sensation, првиот пар од мириси за неа и за него што ги будат петте сетила: вид, допир, слух, вкус и мирис. Ова е трета премиера на мириси од успешниот бренд Attraction, кој веќе ги содржи Attraction Original и Attraction Rush, магнетски привлечна и возбудлива колекција на мириси кои содржат моќен акорд во срцевината за засилување на ефектите на привлечност.

Силниот акорд на кожа е во срцето на двата мириси Attraction Sensation, поврзувајќи ги двајцата партнери со интензивна и стимулирачка моќ која едноставно е неодолива. Кога ќе се протрие на кожата, оваа специјална состојка се впива во сеќавањето и ја нагласува сензуалноста. Софистицираните мирисни композиции се креирани од двајца светски престижни светски парфимеристи, Лорен Л’Гернек (Attraction Sensation за неа) и Мишел де Фина (Attraction Sensation за него), со опсежна потрага по најсензуалните состојки кои се достапни во природата.

- AVON секогаш се стреми да ги понуди најлуксузните комбинации на модерната парфимерија по подостапна цена. Затоа нашите мириси се развиени од парфимеристи кои се признати во светски рамки и се составени од висококвалитетни состојки. Sensation е уште еден успех на брендот Attraction, како дополнување на Attraction Original и Attraction Rush. Тоа е првата двојка на мириси на пазарот создадена да ги пробуди петте сетила помеѓу партнерите - објаснува Дана Стојкова, национален менаџер за продажба за AVON во Македонија.

Покрај луксузните состојки, Attraction Sensation се издвојува со својот долготраен мирис кој трае на кожата и до 8 часа. Тестот спроведен со различни двојки низ светот открива дека 98% од испитаниците изјавиле дека не можеле да му одолеат на нивниот партнер кој носел Attraction Sensation, а 80% од нив изјавиле дека Attraction Sensation ги поттикнало повеќе да ги допираат своите партнери.

avon

МИРИСОТ ЗА НЕА

Категорија: цветно-ориентално-овошна

Возбудата од неодоливата привлечност започнува со вдишување на овој нов зашеметувачки мирис. Телото инстантно реагира на зачинетиот ѓумбир и ориенталната мандарина. Срцето чука побрзо со шармантниот јасмин.

Основни ноти:

Моќна слива: сочна и маркантна, дава сензуална нота на слатка овошна нота која се отвора кон нејзиниот возбудлив мирис, за максимално чувство на стимулирачка привлечност.

Бел јасмин - самбак: сјајна мирисна ѕвезда, комбинација од луксуз и сензуалност. Овој мал цвет исто така ги раскажува слатките и зашеметувачки тонови.

Неодолива кожа: заедничкиот кожен акорд дејствува како магнет и ги привлекува партнерите еден кон друг, создавајќи долготрајно чувство на меѓусебна зависност. Оваа специјална нота дава богат, придушен мирис кој во својата основа е истовремено и возбудлив и сензуален.

МИРИСОТ ЗА НЕГО

Категорија: ориентално-папратна

Магнетната сила на заведувањето се раѓа од зачинетиот црн бибер. Ѓумбировото масло го забрзува пулсот. Зашеметувачката возбуда се засилува со сензуалната жалфија и свежото масло од лаванда. Привлечните пачули и ветиверот ослободуваат голема доза на адреналин, додека смелите кожни акорди ве поврзуваат со партнерот.

Основни ноти:

Црн бибер: провоцира со топла, стимулирачка и делумно слатка арома. Неговите свежи и зачинети атрибути привлекуваат, додека благата зачинетост е стимулативна.

Лаванда: аромативно, растително и цветно, го пренесува оној што ја носи на волшебна ледина со природна лаванда. Буди чувство на опуштеност, маслото од лаванда има слатка, но истовремено и силна арома.

Неодолива кожа: ги оживува сите спомени со своите природни и сензуални карактеристики. Овој сензуален акорд има моќ да поврзува со интимниот партнер.

Како да ги набавите?

AVON Attraction Sensation е достапен за порачување преку претставничката мрежа на AVON. Мирисите може да се порачаат и онлајн на овој линк.

Над 130 години Avon се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно им се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни претставници во светот ги продаваат врвните Avon брендови како Avon Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време. Avon ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донира над 1 милијарда долари за женските каузи преку Avon и Avon фондацијата. Повеќе информации за Avon и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот