X
 06.10.2020 Живот

Индиски парфем мириса на дожд

Го сакате свежиот мирис на земја по дожд? Мирисот познат и како петрикор е комбинација од хемиски соединенија произведени од растенијата и бактериите што живеат на почвата. Истражувачите уште не ја разбираат целосно хемијата зад овој мирис, но еден мал град во Утар Прадеш, Индија, го продава овој мирис како парфем стотици години.


Фото: Pixabay

Канауџ се наоѓа на брегот на реката Ганг, помеѓу градовите Агра и Лакнау. Стариот град е дом на индустрија на парфеми од 7 век. Парфемите на Канауџ биле познати меѓу императорите на Индија, а 1.300 години подоцна речиси половина од жителите на градот, чиј број изнесува 1,5 милион луѓе, работат на производство на парфеми користејќи традиционални методи.

Локалните фармери берат цвеќиња што им ги носат на дестилериите. Цвеќињата се мешаат со вода која се загрева во бакарни садови, а смесата потоа се става во шишиња од кожа од камила преку бамбусови цевки.


Фото: Wikipedia

Најпопуларниот производ на Канауџ е мити атар, односно „парфемот на земјата“. Процесот на производство на парфемот е сличен како оној на другите парфеми, но наместо цвеќиња, се користи исушена земја која се прска со вода од езерото во близина, а садот се запечатува со глина.

Автор: Кошник Патовари
Извор: amusingplanet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот