Се чини дека деновиве речиси секој производ добива „паметна“ верзија. Најновиот паметен производ претставен на пазарот е парфем кој ветува дека ќе ја смени индустријата. „Нину“ е паметен уред за парфем во кој може да се чуваат најмногу три различни ароми.
Уредот се поврзува со апликација и им овозможува на корисниците да го подесат соодносот на измешени
парфеми со секое користење. Може да се одбира по расположение, како „движење“, „свежина“ и „секси“, а доколку сте креативни, може да направите уникатна комбинација.
Уредот користи само вегански и еколошки произведени намирници, дури и во пакувањето.
Марко Матијевиќ, извршен директор на „Нину“, открил за „Инпут маг“ дека компанијата работела на технологијата последните 3 години.
Засега има две верзии на уредот - за мажи и за жени.
Автор: Ендру Пол
Извор:
inputmag.com
Фото:
Ninu