Новото филмско издание на познатата „Магбет“ во режија на Џастин Курцел вчера ја привлече битолската публика.
После отворањето на фестивалот со филмот „Лазар“, ова беше втората најпосетена фестивалска проекција, а главна причина за тоа беше познатиот актер Мајкл Фасбендер. Во филмот глуми и француската актерка Марион Котијар, додека директор на фотографија е Адам Аркапо.
Лауреатот Бота-Николиќ вчера одржа и мастер-класа која предизвика голем интерес кај слушателите. Тој го сподели неговото големо кинематографско и режисерско искуство со публиката.
Утрешниот ден е резервиран за творештвото на Милчо Манчевски. Тој ќе одржи две мастер класи на темата „Поставување на кадарот: уметноста и вештината на режирањето на кадарот“, а низ примери од класиците и од неговите филмови ќе го разложи односот помеѓу режисерот и кадарот. Во 18.15 часот заедно со студентите од драмски факултети од земјава ќе одржи работилница за актерство.
Во 20.30 минути пред фестивалската публика ќе биде промовирана монографија посветена на Манчевски, чија авторка е Марина Костова. Гостин на фестивалот ќе биде Мортезе Геиди од филмот „Нахид“ во режија на Ида Панахандех.