Кога сме во врска, повеќето од нас се обидуваат да бидат што поискрени. Се обидуваме да се отвориме за нашите чувства и нашите слабости. Но со текот на времето, едната или другата страна започнува да ја губи наклонетоста на својот партнер. Љубовта престанува да биде несебично предавање на двајцата партнери. Наместо тоа, започнува токсично и деструктивно однесување, а емоциите исчезнуваат.
Литературата ни има дадено многу примери за вакви врски и ликови што може да бидат толку очајни така што чувствуваат потреба да ги „инфицираат“ и животите на другите луѓе како начин да побегнат од сопствената беда.
„Госпоѓа Бовари“, Гистав Флобер
Фото: Printscreen/Youtube
Еми е млада и несреќна жена, незадоволна со својот едноставен живот и својот маж, г-дин Бовари. Еден ден запознава друг човек во кого се
заљубува. Таа е убедена дека ќе пронајде вистинска среќа со него. Сепак, таа останува заробена помеѓу својот живот без љубов и желбата за ново и возбудливо искуство.
„Големите исчекувања“, Чарлс Дикенс
Фото: Printscreen/Youtube
Пип е сиромашно мало момче кое доаѓа на имотот на госпоѓица Хавишем во потрага по работа. Таму ја запознава Естела, млада девојка која го понижува и ја отфрла неговата љубов. Постои уште една девојка вљубена во Пип, но нејзината љубов останува невозвратена. Тој поминува години земајќи ги трошките љубов што му ги фрла Естела. Што животот му носи на ваквите херои?
„Илјада чудесни сонца“, Халед Хосеини
Фото: Printscreen/Youtube
Приказната во книгата се случува во Кабул, Авганистан. Животите на две жени се преплетуваат кога семејството на едната загинува од граната, па така тие се принудени да живеат под ист кров некое време. Живејќи заедно, тие откриваат дека нивните животи се контролирани од желбите на нивните семејства. Од едната се очекува да се омажи за богат човек кој би ѝ обезбедил живот без мака и сиромаштија. Во меѓувреме, другата е омажена за богат човек што ја третира како слуга.
„Лејди Сузан“, Џејн Остин
Фото: Printscreen/Youtube
Приказна раскажана низ серија писма напишани и упатени за главниот лик. Приказната го следи животот на една вдовица во нејзините 30-ти која ќе направи сè што е возможно за да си пронајде себеси нов маж и да ја омажи својата 16-годишна ќерка.
„Мол Фландерс“, Даниел Дефо
Алчноста и страста за пари и социјален статус се мотивација за Мол да се омажи за секој што може да ѝ обезбеди удобен живот. Меѓутоа, ниту еден од нејзините бракови не бил суден за да потрае. Кога ќе сфати дека ниту еден маж не може да ја сфати сериозно, што ќе направи таа?