X
 23.05.2024 Живот

Се намалува бројот на млади возачи

Најнова студија покажува дека младите денес поретко полагаат возачки испит.

Студијата спроведена од „Маркет вач гајдс“ покажува дека бројот на возачи помлади од 19 години значително се намалува во САД. Од 2012 до 2022 година е забележан пад во дури 40 сојузни држави. Најголем пад е забележан во Њујорк, каде што бројот на млади возачи паднал за цели 49 отсто.

Во Америка може да се добие возачка дозвола на 16 години. Бројот на малолетни возачи кои се стекнале со т.н. „целосната лиценца“ без ограничувања паднал за 8,7 отсто во наведениот период. Официјалните податоци од ФХА (Федерална управа за автопатишта) го покажуваат истото. Според официјалната статистика, во 1983 година дури 80 отсто од 18-годишниците имале возачка дозвола, додека во 2021 година тој удел паднал на 60 отсто. Уделот на 16-годишниците со дозвола паднал од 46 на само 25 отсто.

Во Америка моментално се води дебата за причините за овој тренд кај младите. Сите се согласуваат дека технологијата е главната причина бидејќи денес е многу полесно да се постигне забележително подобра комуникација без да мора да се напушти удобноста на дневната соба.

Како друга причина, многумина го споменуваат постоењето на услуги за јавен превоз, како и нови транспортни услуги како што се оние што ги нудат „Убер“ и „Лифт“. Има и многу поевтини лични транспортери, како што се електричните велосипеди, кои за многумина целосно ги задоволуваат потребите на секојдневниот превоз.

Конечно, една од поважните причини е поскапувањето на автомобилите, но и трошоците за сопственост. Поскапува осигурувањето, поскапува и горивото, а со зголемената сложеност на автомобилите, за многумина редовното одржување станува (пре)скапо.

Сè заедно дефинитивно упатува на тренд кој можеби сè уште не е забележлив во Европа, но многу брзо ќе стане повидлив.

Извор: nezavisne.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот