X
 22.11.2018 Образование

Бројот на средношколци во Албанија намален за 31.800 за само една година

Младите во Албанија сè помалку се школуваат, сè повеќе емигрираат. Тоа се потврдува со податокот дека во средните училишта во Албанија оваа учебна година има дури 31.800 ученици помалку споредено со минатата учебна година.

Поголем број од учениците емигрирале заедно со семејствата во некоја западноевропска земја, а дел од нив немаат интерес за продолжување на школувањето.

 - Намалувањето на бројот на ученици во предуниверзитетскиот систем треба да биде алармантно ѕвонче за албанската влада бидејќи тоа подоцна ќе услови намалување на бројот на младите луѓе и зголемување на бројот на нешколуваната младина. Решение за оваа појава е подобрување на економските услови на албанските семејства - оценуваат социолозите.

Според нив, намалувањето на бројот на учениците во основното и во средното образование е последица на масовната миграција присутна со децении, што доведе и до намален наталитет.

- Секако дека оваа појава е поврзана со масовната миграција зашто сè поголем број албански граѓани заминуваат за подобар живот - изјави социологот Ентела Бињаку.

Бињаку исто така смета дека треба да се подобри квалитетот на образованието - учениците да сакаат да следат настава и кога ќе завршат да добијат сигурна работа.

Помал број ученици, споредено со учебната 2017/2018 година, има и во основното образование. Нивниот број во оваа учебна година е помал за 7,1 отсто или за околу 23 илјади основци.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование