Александар Гацевски вчера запиша нов датум во историјата на параглајдерството во Македонија. Авантуристот за кој Факултети.мк вчера пишуваше успеа да прелета 215 км!, што е за 67,3 километри повеќе од претходниот рекорд што го постави пред две недели.
Овој пат Гацевски леташе 8,5 часа на релација Тетово – Љуботен – Трпејца – Охрид.
- Оваа релација ми беше во глава некое време и многу сакав да ја реализирам. Летање над 200 км досега не им успеало и на странци што дошле во Македонија. Не можев да спијам од возбуда! - вели Гацевски.