Бран висок 19 метри кој бил измерен на северот на Атланскиот океан официјално е највисокиот бран што некогаш бил забележан.
Светската метеоролошка организација соопштила дека највисокиот
бран кој некогаш бил измерен е забележан помеѓу Велика Британија и Исланд во февруари 2013 година и уште го нарекле „џин“. Бранот бил проследен и со студен воздух во област во која ветровите достигаат брзина и до 80 километри на час.
Според генералиот секретар на Светската метеоролошка организација, ова е првиот пат како е измерен бран од 19 метри, што претставува неверојатен рекорд. Со тоа, се истакнува значењето на метеорологијата и следењето на океаните, а ваквите прогнози би биле одлични за да се обезбеди безбедноста на морската индустрија и да се заштити животот на екипажот од бродовите.
Бранот го надминал и до тогаш поставениот рекорд од декември 2007 година на истото тоа подрачје. Оваа област е посебна заради движењето на ветровите и специфичниот атмосферски притисок заради кој се јавуваат силни бури. Па така, комплетниот дел од канадското крајбрежје до Ирска и Велика Британија е подложно на високи бранови.