Како што нашите домови стануваат потопли и позадушливи, паѓаме во искушение да го отвориме прозорецот. Но, според д-р Ендрју Шеа, виш предавач по градежна физика на Катедрата за архитектура и градежништво на Универзитетот во Бат, тоа е погрешно.
- Ако е поладно внатре отколку надвор, тогаш треба да ги затворите прозорците - вели тој.
Иако некои сметаат дека низ широко отворените прозорци ќе дувне пријатно ветре, најверојатно само ќе влезе топол воздух што ќе го направи вашиот дом уште потопол.
- Ако, на пример, имате сенка на задниот дел од куќата, можеби ќе можете да отворите прозорец таму - но генерално не би требало да ги отворате прозорците - вели тој.
Д-р Ана Суто од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитетот „Нотингем Трент“ вели дека нејзината вистинска експертиза во одржувањето ладовина потекнува од тоа што е Шпанка.
Фото: Freepik
- Затворете сè. Можете да ги отворите прозорците доцна навечер и рано наутро - до 9 часот наутро кога е ладно, но во спротивно, држете ги затворени. Кај мене е како во пештера, но функционира - советува таа.
Д-р Ши се согласува дека прозорците може да се отворат преку ноќ. Според Ши, навечер можете да ги отворите прозорците за да пуштите малку ладен воздух.
Амин Ал-Хабиби, професор по интелигентни инженерски системи од Универзитетот „Нотингем Трент“, предлага исклучоци на правилото за затворени прозорци.
- Топлината доаѓа во домот на два начина: зрачење од сонцето и топол воздух. Сакаме да ги ограничиме и со затворање на прозорците и со завеси, но ако температурата во куќата дојде исто колку и надвор, тогаш треба да ги отворите прозорците, држејќи ги завесите затворени - вели професорот.
Извор:
The Guardian
Фото: Freepik