Францускиот ски-центар „Алп ду гранд сере“, кој се наоѓа во близина на Гренбол на надморска височина од 1.368 метри, е последен во низата скијачки центри што престанаа со работа.
По 85 години оваа алпска дестинација ги затвори вратите поради неможноста да се финансира системот за производство на вештачки снег кој би овозможил работа преку целата година.
Од неговото отворање во 1939 година, „Алп ду гранд сере“ е популарна дестинација за љубителите на зимските спортови. Сепак, во последните години се соочува со сериозни проблеми.
И покрај плановите за реновирање кои предвидуваа модернизација на инфраструктурата, вклучително и замена на ски-лифтовите и приспособување на летните туристи, ски-центарот не успеа да ги обезбеди потребните средства за продолжување на работата.
Ски-центарот официјално беше затворен оваа недела и покрај инвестициите од речиси 3 милиони евра во 2021 година.
Незадоволство поради затворањето
Затворањето на овој ски-центар ќе резултира со губење на најмалку 200 работни места и покажува суров недостиг на хуманост кон жителите и фармерите од долината Роазон, кои зависат од профитот од зимските спортови.
Затворени се повеќе од 180 скијачки центри
Иако „Алп ду гранд сере“ е најголемиот ски-центар на Алпите што се затвора, и помалите и средните ски-центри се борат да преживеат поради непредвидливите услови и влијанието на климатските промени. Според Пеј-Александре Метралт, географ од Универзитетот во Гренбол, од 70-тите години наваму во Франција се затворени повеќе од 180 скијачки центри.
На почетокот од овој месец Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС), заедно со експертите за временски услови на ОН, предупредија дека скијачките центри низ светот се соочуваат со егзистенцијална закана поради климатската криза.
Минатата сезона 26 трки од Светскиот куп беа откажани поради лошите временски услови, што го вклучи алармот за иднината на зимските спортови.
Извор:
6yka.com
Фото:
Instagram