X
 23.09.2023 Култура

Откриени првите детали за серијата за Хари Потер

Ејч-би-о потврди дека ќе снима серија за познатото момче волшебник Хари Потер. Актерската екипа на серијата се очекува да биде сосема нова и се верува дека ќе бидат потребни години за да се сними бидејќи секоја сезона ќе биде базирана на една книга.

Продуцент на серијата е Дејвид Хајман, кој не е непознат за светот на Хари Потер. Тој беше продуцент на сите осум филма, како и на „Фантастични ѕверки“. Иако речиси ништо не се знае за серијата, Хајман реши да им открие на обожавателите мал дел од она што може да го очекуваат.

- Уште не сме ангажирале сценаристи да почнат да пишуваат. Се надеваме дека тоа ќе биде нешто многу посебно, ни дава можност да уживаме во серијалот што подлабоко ги истражува книгите - изјавил Хајман.

Информациите за серијата се сведени на минимум, но се претпоставува дека една сезона ќе се состои од осум до десет епизоди. Авторката на книгите, Џ. К. Роулинг, исто така ќе работи на серијата, што дополнително ја поддржува изјавата на Хајман.

Даниел Редклиф пред два месеца објави дека нема да се појавува во серијата.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура