Милчо Манчевски снима нов филм, и тоа ќе биде хорор. „Бикини“ е приказна за режисер на документарни филмови и неговата девојка, кои примаат харизматична, но проблематична жена во нивниот дом. Таа им ги менува животите на парот.
Кондола Рашад, која ја има главната улога, штотуку завршила со снимањето на „Бикини“ за продуцентите Ања Ведел и Мунир Армстронг.
Манчевски го напишал и сценариото, кое е основано на негова приказна, заедно со В. П. Розентал.
Освен Рашад се споменуваат и имињата на Вил Јановиц, Сара Голдберг и Сатја Шридаран.
Милчо Манчевски беше номиниран за Оскар за неговиот филм „Пред дождот“, кој бил признаен и за еден од најдобрите филмови направени досега според „The New York Times“.