X
 08.10.2021

Отворање на фестивалот „Џифони Македонија“ - „Доаѓањето во киносалите е знак на нов почеток“

- Повторното доаѓање во киносалите е знак на нов почеток и нешто што многу ни недостига. Културата не смее да ја снема, што и да се случува во светот, таа ни треба. Ви посакувам убав фестивал – рече Јакопо Губитози, извршен директор на „Џифони Експериенс“ на синоќешното отворањето на 9. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ во киното „Фросина“. 

Фестивалот беше отворен со проекција на италијанскиот филм „Стаклено момче“. Преку зум-врска, присутните во салата ги поздрави и Клаудио Губитози, основачот на фестивалот. Тој истакна дека „Џифони Македонија“ е единствената меѓународна активност што годинава е поддржана од нивна страна.

- Македонија е единствената земја во која годинава е поддржан концептот на „Џифони“ надвор од Италија. Јас му честитам на тимот на „Џифони Македонија“ за сè што прави овие години. Младите од Македонија се дел од големото семејство на Џифони и имаат важно место таму - рече Губитози. 

На фестивалот, кој ќе трае до 12 октомври, ќе има проекции на 17 играни и 28 кратки филма во официјалната програма.

фото: Џифони Македонија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk