X
 23.09.2024 Култура

Првпат во историјата, Академијата ќе доделува „Оскари“ надвор од САД

Академијата за филмски уметности и науки ќе ја одржи својата прва церемонија на доделување на „Оскарите“ надвор од САД. Наредниот месец Академијата ќе ги додели своите престижни годишни студентски награди во Лондон. Церемонијата ќе се одржи на 14 октомври на „Лестер сквер“ во британскиот главен град и ќе биде прва меѓународна церемонија на Академијата.

Меѓу победниците, однапред објавени оваа недела, ќе биде францускиот анимиран филм „Збогум, мој свет“ (Au Revoir Mon Monde), чија приказна е за човек заробен во џиновски костим на риба кој трча низ градот додека светот завршува во мистериозен метеорски дожд.

Други филмови се тајванскиот експериментален филм за тинејџерското откривање на сексуалноста, краток филм за периодот на избувнување чума во Кина во 1910 година и документарен филм од бегалскиот камп „Рохинџи“ во Бангладеш. На церемонијата ќе бидат објавени првото, второто и третото место, а сите победнички филмови ќе имаат право да се натпреваруваат за главниот „Оскар“ наредниот март.

Академијата, чии членови постигнале извонредни резултати во своите области, од глума и режија до костимографија и шминка, секоја година гласа за добитниците на „Оскар“.

Извор: Index.hr
Фото: Screeenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура