Излезе долгоочекуваниот трејлер за филмот „Маестро“, кој го следи животот на легендарниот американски композитор Леонард Бернштајн.
Во главната улога е Бредли Купер, кој го режирал филмот според сценарио што го напишал заедно со Џош Сингер. Меѓу продуцентите на филмот се Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.
Во фокусот на филмот е бракот на Бернштајн со глумицата Фелиција Монтеалегре, која ја игра Кери Малиган. Трејлерот беше прегледан милион пати за само еден ден, а веќе се предвидуваат неколку „Оскари“.
Филмот ќе пристигне во кината на 22 ноември, а на „Нетфликс“ еден месец подоцна.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)