X
 23.11.2018 Забава

Оптичка илузија што открива дали сме под стрес

Оптичка илузија што открива дали сте под стрес е новиот интернет-хит. Се работи за слика составена од мрежа од шестаголници и виолетова заднина.

Авторите наведуваат дека, наводно, додека ја гледате сликава, ако таа одредено време мрда и се бранува, тогаш вие сте под стрес. Доколку, пак, бранувањето не прекинува, вие сте под голем стрес.

Ако и на прв поглед не гледате никакво бранување, вие сте сосем смирена личност.

Се претпоставува дека автор на овој начин на мерење на стресот е јапонскиот психијатар Јамамото Хашима.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава