X
 23.11.2019 Култура

Феноменален филм што луѓето не сакаат повторно да го гледаат

Филмот „Реквием за еден сон“ е победник во дискусијата за одличен филм што луѓето не би сакале повторно да го гледаат.

Дискусијата почнала откако комичарката Роуз Матафео поставила прашање: Кој е најдобриот филм што не би сакале да го гледате повторно? Или барем долго време?

Психолошката драма на Дарен Арнофски од 2000 година за зависноста од дрогата беше еден од најпопуларните филмови.



- Го гледав „Реквием за еден сон“ еднаш и доста ми е - напиша една личност на прашањето на Матафео.

- „Реквием за еден сон“. Никогаш - и навистина мислам НИКОГАШ повеќе - напишал друг.

- За мене, тоа е неверојатно моќен филм што ги покажува опасностите од употребата на дрога и каде сето тоа може да води. Сепак, не мислам дека ќе можам да го гледам повторно - напишал трет корисник.

Филмот е базиран на истоимениот роман од Хуберт Селби Џуниор, а во него глумат Џаред Лето, Елен Бурстин, Џенифер Конели и Марлон Вајанс како четворица луѓе што се борат со зависност од дрога.

Други филмови што луѓето сметаат дека се одлични, но не би сакале да ги гледаат повторно се „Соба“, адаптација на романот од 2015 година што на Бри Ларсон ѝ донесе „Оскар“ за најдобра актерка, „Револуционерен пат“, драма од 2008 година во која глумеа Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, „Патот“, адаптација на романот на Комарк Макарти и „Танцувач во темнината“ од 2000 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура