Продолжува да се шири новиот тренд кај платформите за филмови и серии. Станува збор за прикажување реклами на корисниците на најевтините пакети. Вакви пакети веќе воведе „Нетфликс“, а најавени се и од „Дизни“ и Ејч-би-о, а неофицијално и од „Епл“. Сега и „Амазон прајм видео“ најавува дека ќе воведе реклами.
Според официјално известување, може да се очекуваат промени на платформата на почетокот на следната недела. Од компанијата изјавиле дека во првата половина на 2024 година ќе започнат да прикажуваат реклами за време на филмовите и сериите.
Компанијата порачала и дека ќе има значајно помалку реклами од телевизијата и другите платформи. Оваа промена прво ќе ја забележат корисниците од САД, Обединетото Кралство, Германија и Канада, а потоа и Франција, Италија, Шпанија и други земји. За одредено време таа ќе биде воведена во сите земји.
Цената за основниот пакет нема да се менува. Корисниците што ќе сакаат да не гледаат реклами ќе мора да доплатат, а цената ќе биде објавена дополнително.
Извор:
Bug
Насловна фотографија: Pixabay