Групата „Ју ту“ го одржа првиот настап во „Сфера“, најновата сала во облик на сфера во Лас Вегас, која е обложена со екрани.
Најевтиниот билет за концертот, кој бил распродаден веднаш, чинел околу 400 евра. Некои од посетителите присуствувале на концертот само за да ја видат новата сала.
Видеа на социјалните мрежи од внатрешноста на „Сфера“ покажуваат дека вреди да се плати за да се види оваа градба. Анимациите и ефектите правеле да изгледа како да се губите во просторот, според присутните.
Извор:
Telegraf
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)