Музичката индустрија беше тешко погодена од пандемијата на коронавирусот. Беа откажани концерти и фестивали додека земјите воведуваа правила за ограничено движење и социјална изолација за да се намали ширењето на вирусот.
Последниве месеци некои држави ги намалуваат овие ограничувања, па организаторите на настани се обидуваат да ја рестартираат музичката индустрија, притоа грижејќи се и за безбедноста на посетителите.
Во Велика Британија веќе се тестира концерт на отворено. Околу 2.500 обожаватели се собраа на концерт организиран од „Вирџин мани јунити арина“ во вторникот. Ова е првиот концерт со социјално
дистанцирање во Велика Британија.
На локација во Њукасл, Англија, биле поставени 500 метални платформи што собираат најмногу 5 луѓе. На концертот автомобилите мораа да бидат паркирани на растојание од два метри, а потоа гостите биле однесени до својата платформа. Храната и пијалаците се порачуваа претходно или преку апликација.
Концертот бил на музичарот Сем Фендер. Се планираат други концерти и настапи на музичари и комедијанти, меѓу кои и Ван Морисон, Џими Кар и Бил Бејли.
Автор: Ејми Вудјат
Извор:
Си-ен-ен