X
 23.11.2021 Технологија

Јужна Америка го има најпаметниот град за 2021

Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, бил прогласен за најпаметен град за 2021 година на неодамнешното доделување на наградите „Смарт сити експо ворлд конгрес“ во Барселона.

Градот, во кој живеат над 3 милиони жители, бил прогласен за најпаметен град поради планот за управување со отпадот, субвенциите за разделување на отпадот и соодветно намален отпад на локалните депонии, меѓу другото. Во градот од 2012 година се вложуваат напори за поодржливо функционирање и намалување на отпадот.


Фото: Pixabay

- Според моето скромно мислење, една работа што градовите би требало да ја научат е дека Владата не може сè да прави сама. Мора да се вклучат и приватниот сектор, граѓанскиот сектор, невладините организации и граѓаните. Инаку, нема да се постигнат резултати - изјавил Диего Фернандез, секретар за иновации и дигитална трансформација на Буенос Аирес.


Фото: Буенос Аирес/Pixabay

Во својот говор, тој ги пофалил невладините организации и младите граѓани на Буенос Аирес кои го подигнале гласот за да ги освестат преостанатите граѓани за климатските промени.

За најпаметен град во светот се пријавиле градови од 46 земји, меѓу кои и Санкт Петербург, Сиднеј и Њујорк.

Извор: Green
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија