Во популарната населба Реколета во Буенос Аирес, Аргентина, се наоѓа една од најубавите книжарници на светот. Тоа е книжарницата „Атенео гранд сплендид“.
Таа е сместена во прекрасно зачуван театар, но наместо танчари и пејачи, ѕвезди на сцената се книгите. Театарот бил отворен во 1919 г. кога Буенос Аирес го имал најголемото пристаниште и претставувал центар за трговија во регионот. Бран од мигранти, особено од Европа, помогнал во разгорувањето на богатата
културна и уметничка сцена, вклучувајќи го раѓањето на тангото.
Книжарницата била отворена во театарот на почетокот од 21 век, а ја посетуваат над милион луѓе годишно. Има и кафуле сместено на поранешната сцена во театарот. Книжарницата е толку убава, што многумина влегуваат само за да ја видат, а персоналот е навикнат на тоа.
Автор: Брајан Кларк Хауард
Извор:
nationalgeographic.com