X
 20.08.2019 Технологија

Шангај воведува канти за ѓубре што предупредуваат ако фрлите погрешен отпад

Сортирањето на отпадот станува сè попрактично во Кина, особено сега кога вештачката интелигенција помага во насочувањето на процесот.

На 1 јули Шангај го донесе законот за задолжително сортирање на отпадот и најави план за проширување на примената на вештачката интелигенција во сортирањето на ѓубрето како дел од обидот на градот да стане национален и глобален лидер во технологијата.

Кантите за отпадоци со вештачка интелигенција што автоматски го сортираат и правилно го организираат отпадот се веќе поставени во специјалниот центар за иновации и апликации во Зангџијанг.

Кантите за отпадоци можат да прават разлика помеѓу разни видови отпад и ќе ги алармираат корисниците ако неправилно го сортираат отпадот. Камионите за ѓубре ќе можат да идентификуваат различни лименки и соодветно ќе ги обработуваат. Во станиците за пренесување на отпадот роботите ќе собираат ѓубре за рециклирање и ќе го ставаат во уреди за рециклирање, откако ќе извршат увид. И жителите ќе можат да користат апликации за да ги командуваат роботите за тие да го соберат ѓубрето.

Тао Јунџи, директор на одделот за наука во компанијата „Шангаи Ченгтоу“, вели дека тие моментално работат на финалното отстранување на отпадот.

- Неправилното фрлање на отпадот од страна на домаќинствата носи предизвици за нашето финално отстранување. Се надеваме дека вештачката интелигенција може да помогне во подобрувањето на сортирањето на отпадот уште на самиот почеток - вели Тао.

Џин Леи, основач на „Алфеус интелиџенс & Ај-о-ти технолоџи Ко“ во Куншан, компанија посветена за пронаоѓање решенија за сортирање отпад со помош на вештачката интелигенција, вели дека сортирањето на ѓубрето е императив во Кина.

- Луѓето преземаат акција, но ќе биде потребно многу време за тоа да навлезе во културата. Потребна е вештачката интелигенција да го забрза процесот бидејќи не можеме да чекаме - вели Џин.

Фото: China Daily
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија