Дали пандемијата го промени начинот на кој гледаме на професијата и работата? Според анализа на веб-страницата „Индид“, одговорот е да.
Компанијата забележала зголемен број огласи годинава во големите пазари на кои е присутна: САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција, Канада и Австралија. Во Австралија годинава има дури до 81 отсто повеќе достапни работни места отколку пред пандемијата.
Била направена и анализа на интересите на кандидатите за работа по сектори во САД. Во октомври, интересот за огласи за работа во областа на градежништвото се зголемил за 59,1 отсто во споредба со минатиот февруари.
Интересот за работни места во областа на ИТ-операции и корисничка поддршка во овој период е поголем за 59 отсто, во медиумите и комуникациите за 48,7 отсто, а за развивање софтвер за 48 отсто.
Интересот за работите поврзани со социјални служби, медицинска техника, стоматологија и угостителство и туризам е сличен со тој пред пандемијата.
За време на пандемијата, кандидатите се помалку заинтересирани за работа во областа на чување деца, подготовка и служење храна, грижа за лица и утовар и складирање.
Извор:
World Economic Forum
Фото: Pixabay