Писателите пијат кафе. Математичарите се „бубалици“. Сите хакери потајно се како Лизбет Саландер од „Девојката со тетоважа на змеј“.
Ваквите стереотипи главно се лажни, па затоа луѓето на „Твитер“ споделуваат некои од најсмешните клишеа поврзани со нивната работа.
1. Воспитувачка во градинка
- Здраво, јас сум воспитувачка во градинка. Можеби ме знаете од хитовите како „Не ставај го тоа в уста“, „Ги прашуваме нашите пријатели пред да ги лижнеме“ или „Пластелинот не е добар за рибата во аквариумот“.
2. Анестезиолог
- Здраво, јас сум анестезиолог. Можеби ме знаеш од моите најголеми хитови, вклучувајќи го и: „Број од 10 наназад“.
•” “
•” “
•” “
•-вдиши длабоко, операцијата заврши.
3. Хакер
- Здраво, јас сум хакер. Веројатно ме знаете од моите најголеми хитови како: „Не, не можам да го хакнам фејсбук-профилот на твојата поранешна девојка“, „Да, тоа може да биде хакнато“ и „Не, тоа не функционира на тој начин“.
4. Климатолог
- Здраво, јас сум климатолог. Веројатно ме знаете од моите најголеми хитови, вклучувајќи ги и: „Не, не е природен циклус“, „Да, знам дека порано било потопло“ и „Само затоа што е на Јутјуб не значи дека е вистина.
5. Историчар
-Здраво, јас сум историчар. Веројатно ме знаете од моите најголеми хитови, вклучувајќи ги и: „Не, не сум го видел тоа на „Хистори чанел“, „Не сум сигурен кој бил 23. претседател“.
6. Професор
- Здраво, јас сум професор. Веројатно ме знаете од моите најголеми хитови, вклучувајќи ги и: „Секако дека сѐ е важно за испитот“, „Не, немам слободни лета“ и „Се наоѓа во наставната содржина“.
7. Фотограф
- Здраво, јас сум фотограф. Веројатно ме знаете од моите најголеми хитови, вклучувајќи ги и: „Тоа е одлична фотографија, сигурно имаш добра камера“ и „Дали може да ја искористиме твојата фотографија? Ќе ти напишеме заслуга“.
И за крај...
8. „Тезариус“
- Здраво, јас сум тезаурус. Веројатно ме знаете од моите најголеми
хитови, вклучувајќи ги и: „Their, they're и there, не се синоними, „Понекогаш лошо е синоним за добро“ и „Ако не можеш да запомниш збор, имам опции за тебе“.